Детали за пронаоѓањето на 5 жртва во тетовско, починаа дедо и внук


Шеесет и едно годишниот Раиф Јусуфи од селото Лисец кој пред три дена беше пријавен за исчезнат по невремето во Тетово и тетовско е пронајден починат вчера вечерта.

Foto - meteopro.mk

Foto – meteopro.mk

Како што дознава Курир, неговото безживотно тело кое било во фаза на распаѓање го пронашле четворица тетовци во близина на наплатната рампа Тетово-Гостивар. Лицата собирале старо железо кога во нива полна со кал забележале тело на починат маж.

Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот. Повикани биле најблиските роднини на Јусуфи кои го идентификувале. Неговото тело ќе му биде предадено на семејството за погреб.

Починатиот Раиф е втора жртва во едно семејство од силното невреме. Седум годишното детенце кое е првата жртва која ја зеде невремето му е внук на Раиф. Пред да почне невремето дедото и внукот заедно напасувале овци. Телото на малото момче беше пронајдено во двор од куќа во Речица, исфрлено од водата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1