ВИДЕО: Уапсените во антитерористичката акција на МВР спроведени на распит


Повеќе лица се уапсени во голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на ИСИС во земјава како и на лица кои врбувале македонски државјани за учество во паравоени формации и лица кои учествувале во истите.

sudantiteroristii

Во скопскиот кривичен суд во тек е распит на дел од осомничените кои полицијата ги уапси утрово спроведувајќи голема антитерористичка акција насочена против припадници на ИСИС во Македонија, како и на лица кои врбувале македонски државјани за учество во паравоени формации и лица кои учествувале во истите.

Според информациите на Алфа, освен претреси на повеќе локации во Скопје, претрес имало во Струга, Куманово и во Гостивар. Со пријавата на МВР ќе бидат опфатени повеќе лица и за акцијата МВР најавува повеќе информации во текот на денот.kkombee

Полицијата во акција го разби гнездото на ИСИС во Скопје кое според неофицијалните информации е џамијата Тутунсус, за која ИВЗ со години тврди дека не ја контролира. Се уште не потврдените информации говорат дека во акцијата е приведен и самопрогласениот имам на џамијата.

Видеото во продолжение го објави АЛФА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1