165 долари за секс со дете: Ценовникот на услуги на секс робовите на ИСИС е автентичен


Откако овој „документ“ кружи речиси цела година, Обединетите нации конечно ја потврдија автентичноста на ценовникот за секс услуги објавен од ИСИС, кој го нудат на нивните борци и други мажи кои сакаат да набават секс робинка за многу ниски цени, како на пример 165 долари за малолетно дете.

Оригинално објавен на интернет во ноември, ценовникот падна во рацете на ОН како печатена копија во април. Од ОН се двоумеја дали да ја испитаат автентичноста. Сега Заинаб Бангура, специјалната претставничка на генералниот секретар за сексуално насилство во конфликт на ОН, изјави дека изборите прикажани на „секс менито“ се вистински.seks-robovi-isil-02

„Тргуваат со мали девојчиња како со буре нафта“, изјавила Бангура за Bloomberg. „Едно девојче може да биде купено од 5-6 различни мажи. Понекогаш овие борци ги праќаат девојчиња назад кај нивните семејства и им бараат илјадници долари за откуп“.

Ценовната тарифа е едноставна – колку постари, толку поевтини. Сите цени се прикажани во ирачки динари, но еквивалентот на таа цена во американски долари покажува дека радикалните исламисти можат да добијат дете на возраст од 1 до 9 години за околу 165 долари. Цените за адолесцентите се околу 124 долари, а за жени над 20 цената е значително пониска. Жените над 40 години чинат 41 долар.

Купувањето и наддавањето е основано на хиерархија, и колку можеш да си дозволиш. Командантите на Исламска држава први добиваат можност да си „одберат“. Потоа, богатите странски цивилни перверзници од регионот можат да наддаваат. На овие „јавни наддавања“ трговците со бело робје собираат илјадници долари., вели Бангура. Остатокот е понуден на борците според цените објаснети во ценовникот.

Разбивањето на трговијата со бело робје на територија контролирана од ИСИС е речиси невозможно, вели Бангура.

„Имаат машинерија, имаат програма“, вели таа. „Имаат прирачник за тоа како треба да се однесувате кон овие жени. Имаат биро за склучување на бракови, кое ги организира сите овие ’бракови’ и купопродажбата на жените. Имаат ценовник, тоа ви кажува сé“.

„Ова не е обична бунтовничка група. Ако ги опишувате како таква и се трудите да се изборите против нив, би ги користеле алатките на кои сте навикнати. Ова е поразлично. Тие имаат комбинација од конвенционална војска и добро организирана и цврсто водена држава“, додава.

Илјадници жени од Ирак веќе беа принудени да служат како секс робинки, а околу 3.000 жени и девојчиња беа киднапирани од Јажиди племето во Ирак откако започна владеењето на ИСИС во регионот. Тие исто така успејаа да заробат други малцинства во територијата која ја држат. На крајот од минатата година, ИСИС објави памфлет со правила за тоа како секс робинките, жените и децата треба да бидат третирани од страна на борците.

Џихадистите веруваат дека киднапирањето на жени бидејќи тие се неверници во исламот е оправдано. Според памфлетот, членовите на ИСИС смеат да имаат секс со жени, односно дозволено е доколку жената која е заробена е сé уште девица. Ако не е, како што пишува во „прирачникот“, пред секс „нејзината матка мора да биде прочистена“.

Во памфлетот исто така пишува дека робинките можат да добијат „дисциплинарен ќотек“, а недопрено може да остане само нивното лице.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1