Детали за смртта на младата пејачка: „Се обидуваше да се спаси, но водата ја проголта”


Во несреќата на патот Високо – Какањ, загина младата пејачка од Босна, Амила Хасановиќ (21), а како што пренесуваат босанските медиуми, несреќата се случила кога пејачката со својот автомобил слетала од патот и паднала во студената река Босна.bosanska-pevacica

Како што пренесуваат босанските медиуми, младата пејачка со автомобил марка Поло, во понеделникот во 13 часот и 30 минути влетала во реката. Во автомобилот била сама. Сведоците велат дека сликата била страшна. Автомобилот потонал за неколку секунди.

– Ја видовме девојката како се обидува да го скрши стаклото во автомобилот и да исплива. Не можеше да се избори со реката. Ние се обидовме да влеземе во водата и да и помогнеме, но автомобилот исчезна, вели сведок.

Сведоците на трагедијата веднаш повикале полиција. Тие се сомневаат дека девојката наместо да префрли прва брзина, по грешка отишла во рикверц и така паднала.

Истрагата е во тек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1