Детали за сообраќајката кај Гостивар: Загинаа татко, мајка и ќерка, синот во болница


Три члена на семејство од Кичево го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа која се случи на излезот од Гостивар.soobrakjajka 233

Во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и Опел астра со охридски регистарски таблички животот го загубија лицето со иницијали Ѓ.С. на 61 годишна возраст, 56 годишната мајка со иницијали Р.С. и ќерката, сопатничка во опелот, со иницијали А.С. родена 1988 година на 28 годишна возраст, јавува Канал 5.

Трите загинати лица се дел од семејството сопатници на патничкото моторно возило опел, а возачот со иницијали Н.С. од Кичево на возраст од 30 години со повреди е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.

Во полициската станица Гостивар приведен е возачот на Мерцедесот со црногорски регистарски ознаки кој е на возраст од 55 години од село Раотинце Тетово. Од МВР информираат дека увидот е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1