8 годишно дете тешко повредено по удар од автомобил


Сообраќајна несреќа во која тешко повредено е 8 годишно дете се случила вчера околу 11.45 часот на на регионалниот пат Р-29471, во с.Подареш-Радовиш.policija grb oznaka

Пред куќата на Т.Н. се случила сообраќајна незгода во која В.Н. (28) од Подареш, управувајќи „Форд Галакси“ со времени регистарски ознаки, удрил во велосипед „Хамер макс“ управуван од дете на возраст од 8 години од Подареш, информираат од полицијата.

Во незгодата детето се здобило со тешки повреди (фрактура на череп, крварење од десно уво и повреда на десно белодробно крило), и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од полициската станица во Радовиш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1