Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи денеска околу 13.30 часот на влезот во Битола од страната на Ресен, во непосредна близина на битолското село Братиндол.
Според СВР Битола, В.С. изгубил контрола над своето возило марка „КИА-Спортаж“, се забил во заштитната ограда на регионалниот пат Ресен – Битола и излетал на стариот пат Ресен – Битола.
Од здобиените повреди починал на самото место, а неговиот сопатник е лесно повреден.
Истрагата е во тек.