Детали за страшното убиство во тетовско- познат идентитетот на убиецот


Ноќеска, половина час по полноќ, во Полициската станица Гостивар дошол 49-годишниот Г.А. од гостиварското село Врапчиште и пријавил дека дваесетина минути пред тоа во спалната од нивната заедничка семејна куќа, по претходна меѓусебна расправија, со неколку удари со секира по главата и вратот ја усмртил неговата 44-годишна сопруга Е.А, соопшти СВР Тетовоtetove

На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници на СВР Тетово, кои го потврдиле пријавеното, а набрзо потоа извршен е увид што го водел јавен обвинител и во рамките на кој пронајдена е секирата со која најверојатно, односно се претпоставува дека е извршено убиството, како и други траги кои ќе се вештачат.

Осомничениот Г.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, додека по наредба на јавен обвинител врз безживотното тело на убиената ќе се изврши обдукција.

Секторот за внатрешни работи  Тетово, во координација со јавен обвинител, превзема мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со ова убиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1