Детали за трагедијата: Воделе љубов, па се отруле од јаглерод моноксид


Вчера попладне во автомобил паркиран во гаража во скопската населба Припор се откриени безживотните тела на момче и девојка на возраст од 23 години. Случајот во полицијата го пријавиле соседите

-Од местото на настанот известени сме дека е констатирана смрт кај лицата С.Д. 1991 (момче) во и А.Ј. 1991 (девојка). Телата на починатите биле во автомобил марка “Опел Корса“ кое било паркирано во гаража на наведената адреса, велат од МВР.

policijavonl

Според неофицијални информации, момчето и девојката подолго време биле во врска. Тие често ја користеле гаражата на куќата за водење љубов. Соседите велат дека често ги гледале таму. Синоќа поради студеното време го вклучиле греењето во автомобилот при што дошло до труење, пренесе Сител.

Сепак телата се предадени на обдукција за да се утврди причината за смртта на овие двајца млади.

Вообичаено кога автомобил работи во затворена гаража се испушта јаглерод моноксид кој е смртоносен доколку во тој простор е присутен човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1