Детална прогноза: Еве какво ќе ни биде времето за Велигденските празници


Петок ќе биде првиот од серијата денови со пријатно и релативно топло време. Ветерот ќе биде сосема слаб, а времето сончево со сосема малку облаци

Наутро се очекува температура која ќе има вредности околу -1°С, а малку постудено ќе биде на повисоките места, каде минималната ќе се спушти до околу -5°С. „Нешто“ над 0°С наутро се очекува во југоисточниот крај.

Screenshot_87

Преку ден во поголем дел од котлините, највисоката дневна температура ќе има вредност околу 14°С, а долж повардарието таа ќе има вредност во дијапазонот од 15°С до 17°С.

Сабота ќе биде сончева и потопла од петок.

Утрото ќе биде свежо, а минималната температура ќе биде повисока во однос на онаа од петок. Истата ќе има вредност околу 3°С низ котлините.

Максималната температура ќе има вредност од 17°С до 20°С долж повардарие, а низ останатите котлини таа ќе има вредност од 15°С до 18°С.

Недела до продолжува трендот на сончево време. Се очекува пораст на утринксата температура за околу 3°С во однос на сабота.

Максималната температура ќе ја надмине границата од 20°С во југоисточниот крај.
Низ котлините таа ќе има вредност од 16°С до 19°С, а долж повардарието од 19°С до 22°С.

Понеделник ќе донесе мало наоблачување. Од денешна перспектива, може да се каже дека ќе преовладува сончевото време, но во еден дел од денот ќе има сосема минимални услови за „некоја ситна капка дожд“.

Денот ќе има слична максимална температура на онаа од недела. Утрото ќе биде потопло во однос на недела. Минимална под 0°С низ котлините не се очекува.

Meteopro.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1