Дете што ИСИС го учела да убива: „Ми рекоа ако не убивам, ќе ме убијат мене“


Момче припадник на племето Јазиди, кое успеало да побегне од кампот на ИСИС изјави дека џихадистите ги присилуваат децата да “вежбаат“ отсекување на глави на кукли.

Тоа истакнало и дека постари припадници на терористичката организација им наредувале физички да се судрат со своите браќа.egzekucija teroristi

По покорување на племето, за кое тврдат дека е неверничко, џихадистите старите припадници ги убивале, жените силувале, а момчињата „реедуцирале“ во своите кампови во Сирија.

Момчето чие име не е објавено, но е наведено дека надимакот му е Јахја и има 14 години, со својот брат успеал да побегне од тренинг центарот во Рака каде поминал пет месеци.

„Ни донесоа кукли, ни покажаа како да го држиме ножот и како на куклата да и ја отсечеме главата. Првиот пат тоа не можев да го направам. Ни вториот пат. Ни третиот. Тогаш ми покажаа како да ја ударам куклата и да замислам дека тоа е главата на неверникот“, рекол Јахја.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1