Детекторот за метал реагирал, Путин никој не смеел да го провери


Претседателот на Русија Владимир Путин би замолен да пројде низ детекторот за откривање на метал на самитот на трговско-изложбениот центар „Сантек“ во Сингапур, тврди дописникот на „Комерсант“.

„Тој стигна на самитот во трговско-изложбениот центар „Сантек“ и сакаше да помине како и обично покрај детекторот за откривање на метал, кој во таквите случаи постои за секого освен за него. Сепак, Владимир Путин внимателно го насочиле токму кон детекторот“ – пишува рускиот весник.

На крајот, според зборовите на дописникот, детекторот реагирал, но никој не го сопрел Путин ниту пак го замолил од џебовите да ги извади сите метални предмети.

Потсетуваме, вчера во Сингапур е одржан самитот Русија-АСЕАН, а сега почнува Источноазискиот самит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1