Детето умира, а лекарите не знаат што му е


Четиригодишниот Новак Кокоривиќ од Белград не реагира на лекови, има напади на епилепсија и по неколку пати на ден и мора итно да биде пренесен во Германија за што му се потребни 30.000 евра.

detebolНеговите родители претходно загубиле ќеркичка кога имала две ипол годинки. И таа имала слични симптоми, но не се открило што и’ е.

Лекарите не знаат зошто малиот Новак не реагира на ниту еден лек кој досега му го дале. Неговата состојба е критична, а не се променило ништо ниту откако бил хоспитализиран. Малиот Новак има по неколку напади дневно и лекарите стравуваат дека доколку итно не се пронајде зошто не реагира на ниту еден лек кој му го дале, дека малиот Новак ќе ја изгуби битката со болеста. Единствена надеж за семејството е да се направат дополнителни и детални анализи во странските специјализирани болници.

Таткото бара помош од сите кои можат да помогнат за неовото синче да замине во Германија, да биде излекувано и да може да живее како секое друго дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1