Со задоцнување од три до пет децении, утврдено е дека “нежните раце“ кои биле накитени со нараквици и ѓердани, всушност биле рачиња на деца од домот за малолетници, “Свети Мартин” , кој се наоѓа во малиот град Швац, лоциран во близина на Инсбрук.
Рекламната кампања на австриската фабрика “Сваровски” во покраината Тирол, зачната во духот на нежноста и романтиката, во која женските ѓердани и нараквици, опремени со кристали, биле опишани како “скапоценост, нежна рака поставена на свила и кадифе – за дамата што блеска“, совршено се поклопува со “промотивниот“ опис на поранешната практика за изработката на накит, од шеесетите до почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.
Со задоцнување од три до пет децении, утврдено е дека “нежните раце“ кои биле накитени со нараквици и ѓердани, всушност биле рачиња на деца од домот за малолетници, “Свети Мартин” , кој се наоѓа во малиот град Швац, лоциран во близина на Инсбрук.
Дваесет од нив, се согласиле да сведочат пред Националната комисија на Тирол за обесштетување на жртвите од домовите за малолетници.
Тие изјавиле дека биле принудени да работат десет часа дневно, без да им биде даден паричен надоместок. Нивните медицински наоди покажуваат дека тие, од својата младост, па до ден денес, страдаат од хроничен артритис.
Покрај “Swarovski“, на столбот на срамот од оваа австриска покраина, се најдоа и уште две компании. Се работи за светски познатиот мармалад „darbo”, и компанијата EGLO која се бави со производство на лампи. Во рекламите можеле да се забележат рачиња на децата од истиот дом, полни со овошје.
Во другиот случај детските раце робувале за профит на фирмата чии слоган гласел “EGLO има своја особеност како и човечкото битие.”
Сите компании тврдат дека испраќале пари во домот.
Австрија, пред неколку години започна истрага за употреба на деца за работна сила.
Германија, пак, цела деценија врши истрага за злоупотреба од ваков тип, а според официјалните податоци на Берлин, досега се откриени околу 900.000 жртви.
Владата во Берлин има основано специјален фонд за обесштетување на жртвите, чии буџет изнесува 120 милиони евра.
Според последните податоци, до сега регистрирани сe повеќе од еден милион случаи на деца од домови без родители, кои со децении биле злоупотребувани за работна сила во Германија и Австрија.