Мадона се сели во Италија!?


Мадона ќе се сели  во Рим, ова се новите шпекулации за вонвременската поп кралица. Дека таа размислува да живее во италијанската престолнина говори и фактот што во последниов период постојано разгледува понуди за куќи и вили во потрага по нов дом.

Луксузните вили одат во пакет со парите и славата, но познатите личности честопати се решаваат и за мегаломански станови, токму таков  „мерка“ Мадона, лоциран на периферијата на Рим, а проектиран од архитектот Џино Копеде.

Засега Мадона и нејзините агенти официјално не ја потврдуваат ниту пак демантираат оваа вест, сепак познато е дека поради своето потекло, поп иконата е секогаш силно врзана за Италија. Пред три години таа донираше половина милион долари за жртвите од земјотресот во Абрузо, место оддалечено 80 километри од главниот град.

Мадона честопати знае и да ја прокоментира политичката ситуација во оваа земја.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1