Децата од училиштето во Дамартин он Гоел, кои до пред некое време биле затворени во училниците поради опсадата на терористите во локалната печатница, поставиле “селфи” на Твитер и порачале дека не се плашат.
Околу 1.000 деца од основните и средните училишта, кои од утрово биле затворени поради терористичкиот акт, успешно биле евакуирани. Околу 1.000 деца биле одведени дома. Во училиштето останале само основци и деца градинка, а во околината на училиштето се поставени специјални единици.
Браќата Саид и Шериф Куаши, кои во средата на 7-ми јануари во Париз убиле 10 новинари од весникот “Charlie Hebdo” и двајца полицајци, биле обиколени во печатницата “Creation tendance decouverte”, каде што чуваат еден заложник.