Детската клиника реагира: Здравјето на Исидора е загрозено, но родителите одбиваат да ја оперираме во Македонија


Клиника за детска хирургија – Скопје ја информира јавноста за манипулациите кои се прават со апелот за помош на малата Исидора Димeска, кој деновиве се појави на социјалните мрежи и во кој родителите на детето бараат парична помош за лекување и операција на детето, со образложение дека операцијата не може да се изврши во нашата земја.13383395_10153681146186048_759875679_o-520x697

-Имено станува збор за кардиохируршки пациент чија состојба редовно се следи на Клиниката за детски болести. Првично беше планирано пациентот да се оперира во февруари 2016 година, а операцијата да ја изврши тимот на проф. Бил Новик. Поради исклучително тешката здравствена состојба (развиена масовна бронхопневмонија со опструктивен наод) бебето беше хоспитализирано, поставено на антибиотска терапија и следено во период од две недели. Поради моменталната здравствена состојба операцијата беше одложена со препорака пациентот да се оперира во април кога тимот на проф. Новик повтрно ќе дојде во земјава. И по неколку обиди да се стапи во контакт со родителите, тие одбиваа да го донесат детето дури и на преглед и покрај тоа што им беше укажано дека доколку операцијата не се направи, состојбата на детето ќе се влоши до тој степен што нема да може воопшто да се направи операција и животот на детето ќе биде во опасност. Во април повторно не се појавија на преглед и оперативен третман, велат од Клиниката.

Пред две недели Исидора беше хоспитализирана на Клиниката за детски болести повторно во тешка состојба со дијареа, повраќање и тешка дехидратација.

-Во тој период на Клиниката беше проф. Јован Кошутиќ, кардиолог од Институотот „Мајка и дете“ од Белград и соработник на проф. Новик. Тој го прегледа детето и препорача итна интервенција од страна на проф. Новик и македонскиот тим кој од 4 јуни е во земјава. По неколку разговори со родителите, тие останаа на ставот дека не се согласуваат детето да биде оперирано во земјава иако постои можност за тоа. Одбија да потпишат документ дека им е предложена опрација и дека истата ја одбиваат поради присуство на пулмонална хипертензија и не можноста за соодветен третман во одделот за интензивно лекување на клиниката за детска хирургија. Проф.Новик му објасни на родителот дека е еден од тројцата хирурзи во свет со најголемо искуство во третманот на деца со пулнонална хипертензија кои можат да се проверат на интернет преку објавени трудови и книги напишани од негова страна во однос на оваа проблематика. Одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во моментот има доктори кои се експерти од таа област и се пристигнати од најдобрите центри во светот. Без разлика на тие податоци кои родителот ги доби на своја иницијатива го земаа детето од болница каде со недели е хоспитализирано. Инаку се работи за дијагноза VSD, ASD со почетна пулмонална хипертензија, дијагнози кои се многу чести и кои се оперираат без никаков пробем кај нас ( 41 операции со оваа проблематика до сега), велат од Детска клиника.

До сега на Клиниката за детска хирургија се извршени околу 200 операции на отворено срце со морталитет за 2015 од 3.5% што се движи под границите на европскиот стандард. Не постои земја во светот каде се извршуваат кадиохируршки операции без одреден степен на смртност.

-Со тоа сметаме дека со вакви дезинформации и малверзации се девалвира работата на македонскиот и на американскиот тим кој деноноќно и пожртвувано работат се со една цел да им помогнат на децата со срцеви мани во Р. Македонија, порачуваат од Клиниката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1