Деветгодишно девојче настрада во пожар, братчето и сестричката се спасија


Само пепел и саги остана од детската соба на првиот кат од зградата на улицата „Емин Дураку во Скопски Чаир. Половина час пред полноќ 9 годишно девојче настрада во пожарот, четиримесечната сестричка на починатото девојче и нејзиното братче на 4 години, родителите успеале да ги спасат, двете деца поминале без повреди. Таткото и вујкото кои ги извадиле децата имаат изгореници по лицето и рацете, но се надвор од животна опасност велат лекарите, јавува Алфа телевизија.

Фото - Алфа

Фото – Алфа

Еден маж има изгореници на лицето и дланките, на истиот санирани му се повредите и е задржан на болничко лекување, и второто лице има повреди на лицето и дланките во операциона сала санирани се повредите и тоа ќе биде задржано на лекување изјави д-р Маре Стевковска од болницата Свети Наум Охридски во Скопје.
Пожарот најверојатно започнал во собата каде спиеле децата, неофицијално причина за огнената стихија била струјата, велат роднините, кои во грч и болка утрово од улицата немо гледаа во изгорената детска соба. Полицијата го обезбедуваше местото на пожарот, додека траеше увидот.
Од лице место подигнати се траги кои ќе се вештачат како би се утврдиле причините за пожарот, изјави Лиза Бендевска портпарол на СВР Скопје.
Причините како избувнал пожарот ќе се знаат, откако ќе заврши истрагата и вештачењето. Од пожарот нема повредено други станари од зградата, единствено две сосетки се пожалиле дека вдишале јаглерод моноксид но по лекарската интервенција се пуштени дома.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1