На 01.05 во 23.30 часот во скопје на ул.„Емин Дураку“ бр.3/1-3, избувнал пожар во станот сопственост на Г.Г. (1975), во кој како последица од опожарување (целосно изгорено тело), на креветот во детската соба починала Л.Г. (2006).
Деветгодишно девојче загина во пожар којшто избувнал во петокот вечерта во стан во скопската населба Чаир.
Според информациите на МВР, пожарот избувнал синоќа околу 23.30 часот на улица „Емин Дураку“ во стан во близина на поликлиника Чаир.
Во пожарот починало деветгодишно девојче, а неговиот татко, уште еден член на семејството и две сосетки се повредени и пренесени во Специјална болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.