Три годишното девојче го преживеа уривањето на зградата во кинескиот град Венжоу благодарение на својот татко. Тој се жртвувал на ќерката, прегрнувајќи ја пред да се урне се врз него, јавуваат кинеските медиуми.
Девојчето Ву Нингси е пронајдено 12 часа по уривањето на зградата и преживеала само мали повреди благодарение на тоа што нејзиниот татко со своето тело ја заштитил од се што можело да падне врз неа.
Во урнатините загинаа 22 лица, вклучувајќи ја и мајката на девојчето, а причините за уривањето на зградата засега се уште не се познати.