„Деца на сонцето“ навистина постојат: Штом ќе зајде сонцето, овие деца се преобразуват во билки (ФОТО)


Браќата Абдул Рашид (9) и Шоаиб Ахмед (13) се како кои бло други деца кои се играат и растат заедно. Но, кога ќе падне мрак, „соларните деца“ преминуваат во вегетативна состојба, во која не се способни да се движат, да зборуваат или да јадат.

Професорот по медицина на Пакистанскиот институт за медицински науки Јавед Акрам вели дека овој случај ги збунил пакистанските лекари, но и странските експерти кои се вклучиле во истражувањето на овие деца.deca-sonce

-Го земавме овој случај како голем предизвик. Нашите лекари се обидуваат да ја откријат причината поради која децата се активни преку ден, а навечер не можат ни да ги отворат очите, ниту да прозборат, или да јадат, изјавил професорот.

Состојбата на децата се истражува во Исламабад, а примероци од нивната крв како и примероци од земјата и воздухот од нивната средина се пратени кај експерти во странство. Мохамед Хашим, таткото на овие необични браќа, доаѓа од провинцијата Балучистан.deca-sonce2

Таткото и мајката на децата се блиски роднини, кои освен соларните браќа имаат и две здрави деца, додека две деца им починале во раното детство.

-Моите синови добиваат енергија од сонцето, едноставно гледа таткото на оваа мистерија.

Лекарите веќе ја отфрлиле можноста за влијанието на сончевата енергија, бидејќи децата можат да се движат и да функционираат и во мрачна соба во текот на денот.deca-sonce4

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1