Девојчиња од седмо одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денеска биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на нивните родители.
Девојчињата биле однесени во диспанзерот за вакцинација со образложение дека одат на систематски преглед, без да им биде кажано дека ќе бидат вакцинирани.
Со оваа вакцина против рак на грлото на матката се опфатени девојчиња од 12 годишна возраст. Една од мајките најавува тужба до училиштето бидејќи не ја известиле дека нејзината 12 годишна ќерка ќе биде вакцинирана. објави Новатв.