Најомразениот пациент на светот не е виновен за пандемијата на сида


Научниците успеале да го реконструираат патот по кој вирусот ХИВ и сидата пристигнале во САД, ослободувајќи го еднаш засекогаш Гаетан Дугас, најомразениот човек во историјата на медицината, кој важеше за „нулта пациент“, дека е виновен за пандемијата на сида во САД. Користејќи софистицирана техника на генетика, интернационален тим истражувачи открил дека вирусот настанал од веќе постоечката епидемија на Карибите и дека пристигнал во Њујорк во раните 70-ти години, откаде се проширил на запад, преку САД.nulta-pacient-sida-1

Истражувањето исто така потврдило дека стјуардот Гаетан Дугас не бил првата личност во САД која била заразена, и покрај тоа што е наречен „нулта пациент“ во студиајта за мажите хомосексуалци со сида во 1984 година. Резултатите исто така наведуваат дека за случајот Дугас виновна е грешката во куцањето во оригиналната студија, каде за него пишува дека е пациент нула (Пациент 0), термин кој се користи за пациент кој прв покажал симптоми на некоја болест, наместо „Пацинет О“, каде буквата „О“ веројатно значи дека живее надвор од Калифорнија (англиски: outside).
Гаетан Дугас беше најомразениот пациент во историјата на медицината, бидејќи се сметаше дека е причина за пандемија на сидата во САД, а тој, всушност, бил само еден од илјада заразени. Со помош на новата техника за која биле потребни четири години целосно да се развие, научниците најстарите примероци ги поставиле во нешто налик на „семејно дрво“ на вирусот. Иако бројот на геноми е мал, тие успеале да ја истражат генетската разновидност на вирусот во Северна Америка во доцните 70-ти, но ја откриле и важноста на Њујорк во целата приказна. Нивото на разновидност на вирусот покажал дека вирусто кружел во САД со децении пред да ѝ стане познат на медицината како болеста сида. Според реконструкцијата којашто тимот ја направил, ХИВ се раширил на Карибите околу 1967 година, а на кој начин од Карибите се проширил на Њујорк, па на цела Америка и понатаму е отворено прашање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1