Кристијан Голубовиќ својата интересна животна приказна им ја раскажал на учесниците од реалното шоу „Фарма“, а открил и интересни детали.
Кристијан ги шокирал фармерите кога им кажал дека имал врска со девојка која очигледно имала психички проблеми, па му го одгризала пенисот и тој имал четиричасовна операција, од која едвај се вратил во стабилна состојба. По овој инцидент, тој повторно се смирил со девојката бидејќи ја сакал, па дури и ги истетовирал иницијалите од нејзиното име на своето тело.
По раскинувањето на врската, тој ја прекрил тетоважата со нова и ја запознал сега веќе неговата покојна сопруга Даниела, со која го има синот Лазар. Кристијан како „шлаг на тортата“, признал дека прв пат бил приведен кога имал само 11 години.