Девојка од Србија добила бесплатно патување од соништата – заглавила во затвор со подметната дрога (Фото)


Девојка од Нови Сад ја прифатила понудата на пријателот да оди со него на бесплатно патување во Јужна Америка, но тие не биле свесни дека бесплатното патување било само мамка за шврец на дрога.

milicaМилица Којиќ од Нови Сад која била жртва на нарко-трговијата, започнала кампања во Србија со називот ”потег за претпазливост”, која има за цел да се подигне свеста кај младите луѓе за тоа колку е лесно да се вплеткаат во мрежата на измами и да станат жртва на картелите.

Наградата за патување била само мамка за транспорт на наркотици.

”Пријателот доби на поклон две гратис патувања во Перу од една јавна личност во Србија која била и учесник во едно од реалните шоу програми во Србија. На почетокот требаше да оди мојата најдобра пријателка, но таа се предомисли и патувањето ми го поклони на мене, бидејќи знаеше дека мојот сон е да патувам во Јужна Америка,”, изјави таа.

Дрогата им ја подметнале во багажот.

343357_akt-novi-sad-3064-milica-kojic-zrtva-narko-trafikinga-foto-nenad-mihajlovic_ff

Таа рече дека на неколку дена пред планираното враќање во Србија се сретнале со братот на лицето кое им го поклонило патувањето.

”Тој не дочека нас со подароци. Имаше сè, од чадори до сувенири. Сето тоа не можеше да се вметне во нашите куфери, па тој ни понуди нови. Донесе три куфери од неговиот пријател по потекло од Италија. Никој не се посомнева дека таму би можело да има сокриено дрога”, рече таа.

Наскоро во хотелската соба влегле полицајци и при претрес на патните торби пронашле околу 2,5 килограми кокаин. Во ѕидовите на куферите имало сокриено пресуван кокаин. Девојката ја задржале во притвор околу три месеци, додека нејзиниот пријател бил во затвор две години.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1