Фотографиите на наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, Алина Кабаева (32), која изгледа изморено и со вишок килограми, протекоа во јавноста и ги поттикнаа гласините за нивниот љубовен живот.
Поранешната олимписка руска гимнастичарка која веќе извесно време ја поврзуваат со рускиот претседател се појавила во јавноста првпат после неколку недели со значаен вишок килограми, а можноста дека се породила изгледа сосема веројатна.
Кабаева се појавила на натпреварувањето на младите гимнастичарки во Москва, на прославата по повод годишнината од крајот на Втората светска војна. Таа била облечена во широк фустан, кој не е нејзин вообичаен моден избор, а медиумите сугерираа дека со него сакала да ја прекрие „дебелката“ фигура.
Гласините дека Алина забременила со Путин почнаа во јануари кога рускиот претседател се немаше појавено во јавноста повеќе од една недела. Тогаш е објавено дека бил со Алина во Швајцарија и дека таа таму родила девојче.
Ниту Путин ниту Кабаева не ги демантирале гласините. Дури и се шпекулирало дека тајно се венчале кога тој се развел од својата сопруга Људмила после 30 години брак.
Кога се појавила на зимската олимпијада во Сочи, Алина Кабаева носела прстен кој го покажувала на репортерите. Путин исто така носел венчален прстен една недела пред тоа, на состанокот со египетскиот министер за одбрана.