Девојката на Путин, Алина Кабаева се појави бремена? (Видео/Фото)


Фотографиите на наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, Алина Кабаева (32), која изгледа изморено и со вишок килограми, протекоа во јавноста и ги поттикнаа гласините за нивниот љубовен живот.

Поранешната олимписка руска гимнастичарка која веќе извесно време ја поврзуваат со рускиот претседател се појавила во јавноста првпат после неколку недели со значаен вишок килограми, а можноста дека се породила изгледа сосема веројатна.

Vladimir_Putin_Alina_Kabaeva
Кабаева се појавила на натпреварувањето на младите гимнастичарки во Москва, на прославата по повод годишнината од крајот на Втората светска војна. Таа била облечена во широк фустан, кој не е нејзин вообичаен моден избор, а медиумите сугерираа дека со него сакала да ја прекрие „дебелката“ фигура.

putin alina kabaeva2

Гласините дека Алина забременила со Путин почнаа во јануари кога рускиот претседател се немаше појавено во јавноста повеќе од една недела. Тогаш е објавено дека бил со Алина во Швајцарија и дека таа таму родила девојче.

Ниту Путин ниту Кабаева не ги демантирале гласините. Дури и се шпекулирало дека тајно се венчале кога тој се развел од својата сопруга Људмила после 30 години брак.vladimir-putin-alina-kabaeva-copy

Кога се појавила на зимската олимпијада во Сочи, Алина Кабаева носела прстен кој го покажувала на репортерите. Путин исто така носел венчален прстен една недела пред тоа, на состанокот со египетскиот министер за одбрана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1