Филмска потера и пукање на патот Гевгелија-Скопје – сакал да го згази полицаецот, нашле крв во колата


Околу 16,30ч на патниот правец Гевгелија-Скопје, пред Тунелите Демир Капија, УПС од ЕБПСА-Демир Капија запреле две ПМВ (едното БМВ, а другото непозната марка) со цел да извршат контрола.

policijanokni5

Кога полицаецот се обидел да го легитимира возачот на ПМВ “БМВ“, застанало ПМВ “Ауди“ со рег.бр.СК-0307-АЈ, од кое излегле неколку илегални мигранти, а возачот се обидел со ПМВ да го прегази полицаецотѕ. Кога полицаецот паднал настрана за да го избегне ударот, од пушката бил истрелан еден куршум, по што “Аудито“ се дало во бегство, пренесува Пресс24.

Патролата, веднаш се дала во потера, по што истото возило било пронајдено кај с.Караслари-Велес, без возачот. Во возилото биле пронајдени траги од крв, а во вратата од возилото бил пронајден еден заглавен проектил.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1