Џафери го потпиша Законот за употреба на јазиците, ќе биде објавен во Службен весник


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник.

Со овој закон, албанскиот јазик ќе се употребува рамноправно во сите општини и во органите на државната управа, на чело со Собранието и Владата.

„Законот за употреба на јазиците и во Службен весник“, напиша вечерва спикерот Џафери на својот фејсбук профил.

Објавата е на два јазика, на албански и на македонски.

Објавата е проследена со фотографија од Џафери кој потпишува документ.

Џафери уште во декември изјави дека тој има обврска да го испрати законот до Службен весник, бидејќи како што потенцираше волјата на Собранието не може да се попречи и тоа ќе се реализира.

Законот за употреба на јазиците е испратен во Службен весник без потписот на претседателот Иванов.

Откако Собранието го изгласа прв пат на 11 јануари минатата година, а претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за неговото прогласување тој повторно беше донесен на 14 март минатата година, без поддршка на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1