Спасени македонските скијачки во Банско


5-мината македонски сноубордисти и скијачи кои синоќа паднаа во бездна на Пирин планина кај Банско , Бугарија

беа спасени синоќа околу 21 часот, по тричасовна акција, извршена од десет специјално обучени спасувачи. Сите петмина се во добра состојба, а бугарските медиуми објавија видео од спасувачката акција.

Непочитувањето на правилата за скијање и бордање беше оценето како многу неодговорно од страна на директорот на Планинската служба за спасување на Бугарскиот црвен крст Емил Нешев. Тој во неговото гостување на бугарското радио Фокус не сакаше да ги коментира финансиските импликации на оваа акција, но истакна дека со ова бил зголемен ризикот и по животот на туристите, спасувачите и доброволците.

„Тие ја напуштија пистата под врвот Тодорка и влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат”, изјави претседателот на Црвениот крст на Бугарија Христо Григоров, кој исто така рече дека во овој случај биле нарушени сите правила на нормално однесување на еден турист.

Ова не е првпат деновиве да се губат сноубордисти. Пред два дена беа извлечени неколку тинејџери од Србија, а пред тоа момче и девојче од Бугарија ги загубија животите, откако врз нив падна снежна лавина. Сите скијале на диви патеки во околината на Банско.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1