Дваесет и шест џамии низ цела Франција биле нападнати во рамките на антиисламистичките протести по минатонеделните напади во Париз, пишува Индипендент.
На нив се фрлаат молотови коктели, се пука од огнено оружје, има напади со гранати па дури и со свински глави. Според британскиот весник, муслиманите низ цела Франција се жртви на насилство.
Француската Национална опсерваторија против исламофобијата јавила дека во последните седум дена се случиле 60 инциденти поврзани со исламофобија, и истакнуваат дека бројката е сигурно поголема бидејќи имало и голем број инциденти против муслиманите што не се пријавени.Една џамија во Ле Ман била погодена со четири гранати, а потоа врз неа било пукано со огнено оружје од автомобил.Ваквите напади не се ништо ново, но тие се значително интензивирани во последната недела по нападот врз сатиричниот весник Шарли ебдо.