Најпознатиот светски кулинар Џејми Оливер потпиша петгодишен договор со англискиот премиерлигаш. Тој ќе ја подготвува и служи храната на стадионот и околу него.
Фудбалерите на Манчестер Сити сигурно се радосни со ваквото засилување. Да, навистина не се работи за Кристијано Роналдо, туку за Џејми Оливер. Како и не би биле радосни, кога станува збор за британскиот готвач.
“Посакуваме навивачите да имаат првокласно искуство во сите аспекти кога ќе дојдат нели на натпревар“, соопштуваат од Сити.
За потсетување, Оливер е првото засилување во зимскиот преоден рок, сигурно не и последно, но треба да се види колку со ова ќе биде задоволен тренерот Роберто Манчини. Многу од тоа ќе биде јасно кога неговите фудбалери во првата прилика ќе застанат на вага.
Спорт арена