Џејми Оливер во Манчестер Сити- ќе ги рани фудбалерите


Најпознатиот светски кулинар Џејми Оливер потпиша петгодишен договор со англискиот премиерлигаш. Тој ќе ја подготвува и служи храната на стадионот и околу него.

jamieOliver_2427336bФудбалерите на Манчестер Сити сигурно се радосни со ваквото засилување. Да, навистина не се работи за Кристијано Роналдо, туку за Џејми Оливер. Како и не би биле радосни, кога станува збор за британскиот готвач.

“Посакуваме навивачите да имаат првокласно искуство во сите аспекти кога ќе дојдат нели на натпревар“, соопштуваат од Сити.

За потсетување, Оливер е првото засилување во зимскиот преоден рок, сигурно не и последно, но треба да се види колку со ова ќе биде задоволен тренерот Роберто Манчини. Многу од тоа ќе биде јасно кога неговите фудбалери во првата прилика ќе застанат на вага.

Спорт арена

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1