Мајмуни, срни, елени, коњчиња, кози и верверички ќе шетаат во Аеродром


На површина од 25 хектари во рајскиот парк слободно треба да шетаат голем број егзотични животни и птици. Исто така тој треба да има голф и тениски терени како и две езерца.

zoo parkОпштина Аеродром вчера го објави конкурсот за изработка на идејно-урбанистичкото решение за голем зелен парк, во јавноста познат како Рајски парк, кој треба да претставува нова туристичка атракција во Скопје.

Конкурсот е објавен на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, каде што се наведени условите за учество.

Во идејното решение треба да бидат застапени содржини на површина од над 25 хектари, каде што слободно треба да шетаат животните во паркот. Меѓу нив предвидено е да има повеќе видови мајмуни, срни, елени, пони-коњчиња, желки, фазани и други видови домашна живина, како и зајаци, птици, диви кози, верверички, водена флора и фауна и друго.

parkПаркот ќе биде лоциран во близина на последната станица на автобуските линии 5 и 15 во Ново Лисиче, покрај кејот на реката Вардар, терен кој во моментов е прилично запуштен.
Новиот парк треба да биде хортикултурно уреден со висока и ниска вегетација и да содржи пешачки патеки, ресторан, детски катчиња со игралишта за најмладите, тениски игралишта, лизгалиште, терен за голф, едно големо и неколку помали меѓусебно поврзани езера, како и многу други содржини предвидени во проектната програма.

Општина ги повикува сите заинтересирани инженери, архитекти и други физички и правни лица да учествуваат на конкурсот, кој ќе трае до 11 ти март годинава.
Доколку се исполнат сите услови и планови за неговата изградба и содржини, уникатниот парк ќе биде прв од ваков тип на Балканот.

Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1