Состојки:
1 кг капини
500 гр шеќер
100 гр чоколадо
сок од 1/2 лимон Подготовка:
Ставете ги добро исчистените и измиени капини во тенџере на оган. Кога ќе се затоплат, капините ќе пуштат сок. Со пасирка испасирајте ги колку покашесто можeте.
Варете повремено мешајќи додека ја добиете посакуваната густина. Додадете го шеќерот и повторно варете до посакуваната густина.
На крај додадете го чоколадото искршено на коцки и сокот од лимонот, промешајте убаво да се растопи и тргнете го тенџерето од оган.
Во добро стерилизирани теглички ставете од врелиот џем, затворете ги и превртете ги теглите со капачката на долу, за време од 5 минути, за да се вакумираат.
Сезахрана.ком