Џем од капини и чоколадо


Состојки:

1 кг капини

500 гр шеќер

100 гр чоколадо

сок од 1/2 лимон djem kapiniПодготовка:

Ставете ги добро исчистените и измиени капини во тенџере на оган. Кога ќе се затоплат, капините ќе пуштат сок. Со пасирка испасирајте ги колку покашесто можeте.

Варете повремено мешајќи додека ја добиете посакуваната густина. Додадете го шеќерот и повторно варете до посакуваната густина.

На крај додадете го чоколадото искршено на коцки и сокот од лимонот, промешајте убаво да се растопи и тргнете го тенџерето од оган.

Во добро стерилизирани теглички ставете од врелиот џем, затворете ги и превртете ги теглите со капачката на долу, за време од 5 минути, за да се вакумираат.

Сезахрана.ком

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1