Оваа полициска акција била организирана пред два дена, кај езерото Бадовац (Грачаничко езеро). Сè на сè, на само 300 метри подалеку од ова место биле пронајдени торби со оружје, а српската полиција на 11-ти јули уапси пет лица за кои што постоеле сомнежи дека се членови на ИСИС, а кои планирале да го затрујат езерото, пишува порталот Точка.мк.
Според известувањата на безбедносните служби, седиштето на ИСИС се наоѓа на Косово и Метохија. Под нивната лупа се и градските автобуси, а особено трговските центри во Белград, во кои во викендите се присутни и повеќе од илјадници семејства.
Конечно, можна мета се и православните цркви и манастири, за што сведочи и неодамна откриениот план на екстремистите да го запалат манастирот Св. Козме и Дамјана на планината Златар.
Со овие апсења и пронаоѓањето на оружје во Србија во последен момент е избегната голема трагедија, а Претседателот на Одборот за Косово и Метохија на Собранието на Србија, Милован Дрецун, опоменува дека состојбата е алармантна бидејќи како што вели тој, косовската полиција нема ниту капацитет, ниту политичка волја за борба против радикалниот ислам.
Точка.мк