Џихадистите се подготвуваат за напад со биолошко оружје


Војниците на сириската војска заплениле компјутер кој содржи повеќе од десет илјади документи чија содржина во најмала рака е загрижувачка..djihad balkan

Покрај сите ѕверства во режија на Исламската држава, радикалните борци познати по кратенките ИСИС и ИСИЛ за кои речиси секојдневно стигнуваат информации од Ирак и Сирија се појави шокантна вест за нови дијаболични планови на оваа најмоќна терористичка организација на светот кои вклучуваат и употреба на биолошко оружје.

Војниците на сириската војска заплениле компјутер кој содржи повеќе од десет илјади документи чија содржина во најмала рака е загрижувачка.

-Нивните борци побегнаа пред ние да влеземе во зградата. Пронајдовме лаптоп и полнач и јас го понесов со себе без да претпоставам што има во него, раскажува водачот на ФСА, Абу Али.

Се покажа дека копираните документи се вистинско богатство во кои покрај идеолошки насоки поместени се и низа практични совети и водичи за џихадисти. Најдени се снимки од Осама Бин Ладен, но и упатства за изработка на бомба, инструкции за кражби на автомобили и лекции и начини на кои под радарот на полицијаѕа и другите безбедносни служби може да се патува од една џихадистичка централа до друга.

Но, по часови истражување пронајдени се и документи кои упатуваат на тоа дека сопственикот на компјутерот се обидувал да се усоврши да изработи биолошко оружје и се подготвувал за напад со кој би го шокирал светот.

Податоците говорат дека Мухамед С, Тунижанин кој на ИСИС им се приклучил во Сирија, во својата татковина студирал физика и хемија на два универзитети.

На еден од факултетите потврдиле дека личност со такво име студурало кај нив но во 2011 година му се губи секаков траг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1