Џо Бајден положи заклетва и вторпат стапи на должноста потпретседател на САД


gty_barack_obama_joe_biden_jt_130120_wgПотпретседателот на САД Џо Бајден денеска положи заклетва и по вторпат стапи на оваа должност.
Тој се заколна пред Библијата со келтски крст на корицата, која е сопственост на неговото семејство уште од 1893 година.
Освен семејството на Бајден на церемонијата присуствувале околу 120 гости и претставници на медиумите.
Според американскиот Устав, претседателот и потпретседателот на САД треба да го започнат својот мандат на 20 јануари. Шефот на државата Барак Обама ќе положи заклетва подоцна денеска на церемонија во потесен круг во Белата куќа.

Ана Ношпал

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1