Џозеф Дол: ВМРО-ДПМНЕ нема да биде исклучена од ЕПП, неа такво барање


Никој не побарал ВМРО-ДПМНЕ да биде исклучена од демохристијанското европско семејство. Претседателот на Европската Народна Партија (ЕПП), Џозеф Дол, ја демантира веста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучена од ЕПП.
Тој преку социјалната мрежа „Твитер“ појаснува кои се правилата за ваквата постапка.

„Во членот 9 од нашиот статут јасно стои дека 7 членки од 5 држави мора да испратат барање до претседателството на партијата за исклучување на партија. Ние секогаш ги почитуваме правилата. Нема добиено такво барање“, пишува Џозеф Дол.

Ваквиот став на првиот човек на најголемата политичка сила во Европскиот парламент е практично демант на она што го објави МИА- Македонската информативна агенција. Пред неколку дена, овој државен сервис објави текст во кој беше наведено дека челници од ЕПП му се заканиле на Христијан Мицкоски дека ќе ја исклучат ВМРО-ДПМНЕ од демохристијанското семејство, поради тоа што не го прифаќал Договорот од Преспа. Според МИА, претседателот на ЕПП, Џозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. За Дол дури велат дека „крајно недипломатски и на строг начин” го предупредил Мицковски за последиците доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1