Новинарот на ,,Вашингтон Пост” бил жив распарчуван


Распарчувањето на новинарот Џамал Кашоги почнало уште додека бил жив и траело седум минути , тврдат турските истражители.

Новинарот на ,,Вашингтон Пост” , Џамал Кашоги бил мрцварен и сечен на парчиња во кабинетот на конзулот на Саудиска Арабија во Истанбул. Измачувањето траело седум минути до моментот на неговата смрт, велат истражителите , кои ја преслушаа аудио снимката на која се забележани ужасите во кабинетот на конзулот .

Според истиот извор, новинарот бил одвлечкан од канцеларијата на конзулот на Саудиска Арабија во кабинет во блиската куќа. Грозните врисоци на Кашоги ги слушнал сведок од подолниот кат. Новинарот престанал со врисоците , дури откако со инекција му била вбризгана непозната материја.

Докторот Салах Мухамад ал-Тубаиги , шеф за форензични докази и шеф на саудискиот Научен совет за форензика , кој бил дел од 15 члената група што влегла во Турција ден пред убиството на Кашоги , го сечел новинарот на работната маса на конзулот , додека бил жив.

Според изјави на сведоците , докторот што го касапел новинарот пред да почне со ужасите , си ставил слушалки во ушите за да слуша музика. ,, Кога ја работам оваа работа , слушам музика . И вие би требало тоа да го направите.” , им рекол ал- Тубаиги на присутните во просторијата . Ова се слушало на аудио снимката , која ја заплениле турските истражители и ја пратиле во САД и во Саудиска Арабија.

Триминутна верзија на оваа аудио снимка и била пратена на редакцијата на турскиот весник Сабах , но за сега не е објавена.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1