Најосвежувачкиот пијалок кој некогаш ќе го направите. Комбинација од блага лубеница и помалку кисел порокал. Овој џус е здрав (ако го подготвите без засладувач), вкусен и брз. Одличен пијалок кој најубаво е да си го подготвите откако ќе завршите со работните обврски.
- 500 гр лубеница
- 1 голем портокал
- 4-5 ливчиња свежо нане
- неколку коцки мраз
- засладувач, по вкус
Подготовка: Лубницата исечете ја на парчиња и внимателно извадете ги семките. Портокалот излупете го и исцедете го, а може и да го ставите цел во блендер. Сите состојки за џусот ставете ги во блендер. Миксајте додека да се соединат сите состојки и да добиете џус.
Ако сакате, џусот може да го прецедите. Сервирајте со ливчиња свежо нане и коцки мраз.
chasovipogotvenje.mk