Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година. Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови.
Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување Diazepam со 882.013 реализирани рецепти. Ако се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема.
Речиси еден милион рецепти има и за лекот Pentoxifylline. Минатата година Фондот издвоил и 49,4милиони денари за скапи лекови што е околу 2,5% од вкупните средства за лекови на рецепт.
Бројот на рецепти за овие лекови во 2012 година е зголемен за околу 15% во однос на 2011. најголема потрошувачка по број на рецепти има лекот “cyproterone” со 7.882 реализирани рецепти.