ДИК: Иванов води со освоени 289.172 гласа


dikСпоред последните информации кои доаѓаат од Државната изборна комисија до 22 часот, процесуирани се 73,06 отсто од избирачките места и според најновите податоци кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 289.172 гласови.

Според овие податоци втор е кандидатот од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски со освоени 202.305 гласови, трет е Иљаз Халими од ДПА со 30.587 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 19.565 гласови.

Објавените податоците се однесуваат на 2.566 од вкупно 3.512 избирачки места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1