Здравствените работници во Индијана и Кентаки велат дека се испитуваат фарми, дистрибутери и трговците на мало по појава на салмонела од која починаа две, а заразени се најмалку 141 лице. Откриле дека салмонелата е поврзана со диња израсната во југозападна Индијана.
Официјалните здраствени лица испратија соопштение во кое ги советуваат сите жители на Индијана да ги фрлат дињите купени од 7 јули, па до денеска и никако да не ги конзумираат.
Одделот за јавно здравство во Кентаки, ги предупреди луѓето да не јадат дињи воопшто – за секој случај. Тестовите покажале дека во ова овошје го имало истиот вид на салмонела од која загинаа две и се заразени повеќе од 50 само во Кентаки.
Салмонела инфекцијата резултира со дијареа, треска и стомачни грчеви. Повеќето луѓе оздравуваат без третман, но тешки инфекции може да се случат кај доенчиња, старите лица и оние со ослабен имунолошки систем. Американската агенција за храна и Лекарската администрација потврдија дека 31 лице е хоспитализирано, а заразата била раширена во 20 држави.