Директорите предупредуваат: ќе има казни за средношколците


Санкции за средношколците кои ја бојкотираат наставата. Директорот на битолското средно техничко училиште е првиот кој јавно проговори за мерките кои како можност стојат на располагање, јави Телма.

– Ќе добијат неоправдани изостаноци. Сите одсуства се запишуваат. Ќе биде утврдено дали се оправдани или не , па според правилникот ќе добијат педагошки мерки – вели Драган Стојановиќ директор на средното техничко училиште од Битола.

Foto - Kanal77

Foto – Kanal77

Заканите од овој тип за сега немаат голем ефект кај средношколците. Остануваат на барањето за средба со минисетерот Адеми да ги повика на дебата, а потоа да ги повлече измените во полагањето на државната матура.

Се уште се прашуваме, велат колку денови треба да трае бојкотот за некој конечно да не слушне и да одвои еден час од времето за да не прими.  Меѓусебното натегање и пребројување изгубени наставни часови и неоправдани изостаноци нема да го реши проблемот, предупредуваат дел од професорите. Сите евентуални репресивни мерки кон учениците само ќе ги засили нивните реакции, вели професорката Силјановска, според која решението не треба да се наметнува. Особено не да се стигматизира, посочува таа, како, на пример, преку рекламите дека математиката е најважното нешто. На ваков начин и важните работи како што е математиката се одбиваат особено ако не се логични, вели Силјановска.

Математиката во случајов, вели Силјановска персонифицира погрешни политички операции во кои учениците беа подложни на безброј образовни експерименти без ниту еднаш да бидат прашани.

– Како во песната на Пинк Флојд. Таму ги критикуваат наставниците, ама кај нас политичарите глумат професори, и забораваат дека и тие биле ученици и дека имаат деца ученици – рече Силјановска

Начинот на кој ќе се надокнади пропуштената настава засега е непознат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1