ВИДЕО Комарците почнаа да касаат порано


Комарците на подрачјето на општина Чешиново-Облешево годинава се појавија уште во април. Жителите на Чешиново велат дека годинава комарците подраниле, поради водата која се уште е во нивите од поплавите и барата која ја имаат во самото село. Забележуваат дека за разлика од изминатите години, од каснувањето на овие комарци им се создаваат црвенило и отоци, јавува телевизијата Ирис.320387_komarci-02-ifas.ufl.edu_ff

Од општина Чешиново-Облешево велат дека деновиве добиле допис од Владата,дека во нивната општина ќе има авионско прскање против комарците.

И останатите општини во источна Македонија се подготвуваат за дезинсекција и дератизација, во општините кои беа најпогодени од поплавите се изврши вонредна дератизација, со цел да не се дозволи ширење на болеста туларемија. Општина Штип веќе кон крајот на месецот се подготвува да се изврши и дератизација и дезинсекција, јавува штипската телевизија Ирис.

Видеото е тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1