Извршниот директор на БМВ Харалд Кругер се онесвести при претставувањето на најновиот модел на германскиот произведувач на автомобили за време на меѓународниот саем во Франкфурт.
Според извештаите на новинските агенции тој колабирал за време на прес конференцијата. Двајца мажи притрчале да му помогнат и го тргнале од бината.