Фатени 45 џихадисти кои сакале да се скријат меѓу бегалците (Видео)


Курдските вооружени сили во северен Ирак уапсиле 45 членови на терористичката организација ИСИС, кои дошле со бегалците од југ од Киркук, пренесува агенција Анадолу (АА).aa_picture_20150914_6288479_high
Ирачките сили соопштија дека во акцијата против ИСИС спасиле илјада бегалци и ги згрижиле на северниот слободен дел од регионот.
При регистрација на бегалците тие откриле 45 припадници на организацијата ИСИС кои лажно се декларирале како бегалци. По препознавањето тие ги облекле во портокалови комбилизони и ги извеле пред новинарите.
Комбилизоните потсетуваат на они кои ИСИС ги користи за своите заробеници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1