Директорот на Бољшој тетарот знае кои му фрлил киселина во лице


Уметничкиот директор на московскиот Бољшој театар Сергеј Филин, изјави за Би-би-си дека кој се крие зад нападот со сулфурна киселина, извршен врз него пред две недели.


sergej-filinТој, меѓутоа, засега одбива да ги посочи имињата на виновниците, во очекување да биде завршена службената истрага на руската полиција.
На 17 јануари Филин беше тешко повреден по лицето, откако врз него едно маскирано лице испрска сулфурна киселина во моментот додека тој заминуваше од зградата на театарот.
Освен лицето, тешко се оштетени двете очи на Филин, врз кои досега се извршени четири операции за да му се спаси видот.
Тој е убеден дека цел на нападот била желбата на напаѓачите Филин да се тргне од директорската функција, како и да го уништат угледот на оваа респектаблна балетска куќа во Русија и во светот.
Во изјава за Би-би-си, пред неговото заминување за Германија каде ќе го продолжи лекувањето, Сергеј Филин поранешен балетан вели дека „некои луѓе не го сакаат начинот на кој сега се управува Балетот.
Руските медиуми тврдат дека татарот веке подолго време е сцена на борби и остар ривалитет.

Балетска мафија: Му фрлиле киселина во лице на Директорот на Бољшој
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1